Почетна » Новости » Мода » Oнлајн продавница за свесна и одржлива мода

Oнлајн продавница за свесна и одржлива мода

Сите оние кои можеби го пропуштија изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, или, пак, не го направија својот конечен избор за време на тридневното „поп-ап“ издание на Моден Викенд Скопје, сега имаат единствена прилика, одново да ги видат и купат уникатните креации од колекциите на повеќето учесници. Од денес се достапни за продажба исклучиво во рамки на домашната платформа за уметност и дизајн Skala.

Сакате да се подновите со уникатно парче облека или аксесоари? Размислувајте глобално, купувајте локално! FWSK во партнерска соработка со берлинската агенција ONLYAFEW направи внимателна селекција и го прикажа најдоброто од одржливиот дизајн на неодамна одржаниот 22. Моден Викенд Скопје, пружајќи им максимална поддршка, како на истакнатите брендови, така и на перспективните таленти кои почитуваат еколошки, занаетчиски и етички принципи на работа.

Онлајн продавница за свесна Мода

По нивната презентација на изложбено-продажниот шоурум „Свесна Мода“, мноштво креации завршија во рацете на задоволните купувачи. Преостанатата богата понуда од повеќето домашни учесници, пак, сега е повторно достапна во новата е-продавницана македонската платформа за уметност и дизајн Skala. Ова е единствената „адреса“ каде од денес ќе може да се видат и купат онлајн сите парчиња со големи поволности.

Имињата кои ја продлабочуваат заедничката мисија на FWSK, ONLYAFEW и Skala за промоција на свесната и одржлива мода во нашата земја се: Ирина Тошева, Terziya Movement, Minnimal, Стефанија Насеска, Seddum, Котев Ксенија, Tessuti Art, Krenare Rugova, PSSBL, LIPA Ceramics, Siideess и Саксија Urban Pots. Во текот на наредните месеци, споменатите дизајнери ќе изненадат и со ексклузивни капсулни колекции.

За потребите на онлајн продавницата Skala беа изготвени наменски лукбук фотографии, дело на Антонио Станков од тимот на Џолев и Уметностите, пред чиј објектив се најдоа моделите Ивона Ристовска и Ивана Ристовска од агенцијата Подиум во просториите на Јавна Соба.

Приклучете се и вие кон поддршката на модните херои на денешницата. Направете добар избор што ќе трае со клик на следниот ЛИНК.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9500 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.