Почетна » Новости » Мода » Marella Stories: Алмедина Исмајли за стилот, самодовербата и како да се чувствуваме моќно, но и женствено во исто време

Marella Stories: Алмедина Исмајли за стилот, самодовербата и како да се чувствуваме моќно, но и женствено во исто време

Marella како моден бренд секогаш се инспирира од успешните, самоуверени дами кои знаат како да се изразат преку својот стил. Marella Stories оваа сезона во фокус ги става дамите кои инспирираат со својот моден стил и став.

Една од нив е Алмедина Исмајли, која како новинар и ТВ водител е препознатлива по својот изглед, но и по нејзината харизма, самодоверба и нејзините амбиции.

Покрај својата професија, таа ужива во готвењето и во иднина се гледа како универзитетски професор. Таа сподели со нас која комбинација ја прави да се чувствува моќно и женствено, како го прилагодува нејзиниот стил за различни пригоди и кои се најдобрите модни совети кои некогаш ги добила.

Алмедина Исмајли

Како дама која често се наоѓа пред камерите, твојот стил има значајна улога и во твојата професија. Кои се главните модни правила до кои се придржуваш во секојдневието?

– Јас сум водител и новинар, тоа значи сум во студио и на терен. Облеката секогаш ја прилагодувам на настаните, на пример не можам на протест да одам со фустан, но секогаш внимавам да бидам пристојно облечена и да се чувствувам пријатно во тоа што го носам. Сметам дека за да оставите впечаток важно е тоа што го носите да знаете како да го носите. Дами, малку повеќе самодоверба!

Алмедина Исмајли

Која модна комбинација секогаш те прави да се чувствуваш моќно како жена?

– Тоа секогаш зависи од поводот и секако моето расположение, но сепак морам да признаам дека формалниот стил ме прави да се чувствувам помоќно и посамоуверено, но тука е и шик стилот кој ме прави да се чувствувам истовремено и моќно и женствено. Понекогаш сакам да комбинирам. На пример знам да облечам палто и патики, ми се допаѓа многу таа комбинација, ем пристојно изгледаш, ем практично, ем тренди во исто време. Втората задолжителна компонента на основната гардероба е бели кошули, изведени во машки стил, тие успешно ја отсекуваат женственоста.

Алмедина Исмајли

Без кои 3 модни парчиња не можеш да го замислиш твојот гардеробер за претстојната сезона?

– И ако во добра гардероба, мора да има различни стилови и бои, во мојата облека доминира црната боја. Сакам елегантна облека која остава впечаток на сериозност соодветна на мојата професија, но и спортската облека многу ми се допаѓа. Претстојната сезона не можам да ја замислам без есенски мантил, марама со топли бои и чизми во интензивна боја.

Алмедина Исмајли

Често те гледаме во комбинација со палто, кратко здолниште и високи чизми. Каде би го носела овој Marella outfit?

– Со оваа комбинација дефинитивно на кафе на Шанзелизе! Чувството на елегантен стил комбиниран со уникатните детали каде и да сум ќе ме направат да се чувствувам како да сум во Париз.

Алмедина Исмајли

Marella како бренд ги сплотува модните трендови со безвременскиот, елегантен стил. Како го пронаоѓаш твојот стил во парчињата на Marella?

– Елегантната облека како и убавината е безвременска. Никогаш нема да погрешите ако се облечете елегантно, така што никогаш нема да погрешите ако ја изберете Марела. Особено оваа колекција има многу уникатни парчиња со кои можеш да се облечеш и за секој ден и за посебни прилики.

Алмедина Исмајли

Кој е најдобриот моден совет кој некогаш си го добила и од кого?

– Во моето семејство сме пет сестри, јас сум третата по ред и секогаш сме рекле меѓу себе 'не е важна облеката, туку човекот кој ја носи'. A добар совет што сум го добила од еден дизајнер е 'Научи што ти прилега, а што не и никогаш немој да носиш парче кое едноставно не му одговара на твојот тип на тело.'

Коса и шминка - Зоран Шубревски

Фотограф - Мартин Трајановски

Локација - Four Restaurant

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11416 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.