Почетна » Новости » Мода » 5 совети за винтиџ шминка од Дита Вон Тис

5 совети за винтиџ шминка од Дита Вон Тис

Дита Вон Тис, или како што е нарекувана Кралица на бурлеската, е препознатлива по ретро стилот кој го негува. Беспрекорната кожа на лицето, црвениот кармин и црниот ајлајнер години наназад се дел од имиџот на 40-годишната танчарка.

Дита Вон Тис

По објавувањето на нејзината прва козметичка колекција во соработка со германскиот бренд „Art Deco“, префинетата Американка откри пет совети за постигнување на винтиџ изглед со помош на шминка:

  1. Кожата со боја на алабастер е совршена основа за винтиџ изглед. Никогаш ни на сон не би се сончала – секогаш користам крем со заштитен фактор и ставам шапка кога сум на сонце.
  2. Класичниот црвен кармин е најшик бјути изјава. Усните со мат изглед се како сочни ливчиња од роза. Додајте само малку сјај на средината.
  3. Во 30-тите и 40-тите години, оставањето на полумесечина во долниот дел на ноктот беше дефиниција за елеганција. Сега повторно е модерно и шик.
  4. За драматичен изглед, започнувам со неутрален изглед на очниот капак, го дефинирам окото со црна сенка по вдлабнатината. Завршувам со блескава бела сенка на очниот капак и на коската под веѓата.
  5. Секогаш си го напудрувам носот со камена компактна пудра во украсена кутија.
Дита Вон Тис

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11244 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.