Во екот сме на неизбежната стилска транзиција од лето во есен. Целата летна гардероба ќе ја ставиме во состојба на хибернација и ќе се фокусираме на топли и практични парчиња кои ќе ни дозволат безгрижно да итаме низ студените денови и уште постудените ноќи.
Новиот моден бран обувки носи модели со кои на совршен начин ќе го заокружите секој аутфит. А еве кои обувки се на врвот на многу шопинг листи:
Повикот на дивината
Животинските и змиските принтови се силна модна тенденција која царува и кај облеката, но и кај обувките.
Независно дели ќе изберете чизми со дезен на питон или леопардски принт, или пак, патики со мал „анималистички“ панел, во секој случај ќе ги привлечете погледите кон вашите нозе.
Чизми Geox
Чизми Desigual
Кратки чизми Geox
Патики Guess
Чизми до колена
„Пензионирајте“ ги чизмите со висина над колена. Во новата сезона најпретпочитана висина кај чизмите ќе биде до колената.
Со оглед на тоа дека овој стил е класика, со леснотија ќе се одлучите да инвестирате во ваков модел. Тука како мини-тренд се наметнуваат чизмите во „јавачки стил“.
Чизми Geox
„Грди“ патики
Освежувањето на плакарот не може да биде комплетно без нов пар патики. Излишно е да се повторува колку голема моќ стекнаа патиките во светот на модата. Ако порано ги поврзувавме само со спортски активности, сега тие се инкорпорирани во секакви комбинации, па дури и со костуми и елегантни слип фустани.
Патиките со ретро шмек се најпосакувани, а за актуелната сезона, многу брендови како Geox создадоа патики со неутрални и есенски нијанси кои освојуваат на прв поглед.
Патики Tommy Hilfiger
Патики Miss Sixty
Воочлива дебела гума
Иако делуваат мажествено и грубо, чизмите со дебела платформа се вгнездија во срцата на урбаните девојки и веќе извесно време се водат како „must-have“ при креирањето на шик комбинации.
Чизми UGG
Чизми Steve Madden
Чизми со врвки
Чизмите со врвки во континуитет си одржуваат голема база на обожаватели.
Моментално актуелни се моделите со војничка естетика, но и нивната поелегантна верзија која вклучува дебела штикла.
Чизми Geox
Чизми Parfois
Многу повеќе есенски модни парчиња ќе пронајдете на онлајн продавницата на FashionGroup.






