Почетна » Новости » Мода » 22. Моден Викенд Скопје со македонски дизајнери и странски брендови

22. Моден Викенд Скопје со македонски дизајнери и странски брендови

Синоќа беше свечено отворена новата сезона на најкултното модно случување во градот. Пред многубројните новинари, јавни личности и љубители на убавиот дизајн во Јавна Соба, своите колекции ги прикажаа како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.

Дваесет и второто издание на настанот претставува заедничка соработка меѓу тимот на Моден Викенд Скопје и тандемот од агенцијата ONLYAFEW, со една и единствена цел – да им пружи максимална поддршка на креативните дејци во моментот, со внимателна селекција на учесници кои следат еколошки, занаетчиски и етички пристап во работата, позитивно влијаејќи на свеста на заедницата.

Во рамки на тридневниот поп-ап шоурум „Свесна Мода“, публиката сè уште има единствена прилика да го посети изложбено-продажниот салон во Јавна Соба и си купи уникатни креации на големи попусти од петнаесетмината македонски дизајнери и странски брендови, чиишто колеции се достапни по максимално поволни цени.

Моден Викенд Скопје

На програмата се и арт инсталација од Цветна Фабрикаи MG Art, изложба на студентите од академијата за моден дизајн при школата Џолев и Уметностите, едукативно предавање од Модна Револуција, музички перформанс на Јон Бела и гурмански веге задоволства. Петок (02.10) и сабота (03.10) влезот е слободен и за сите заинтересирани посетители од 10 до 22 часот.

Очекувајќи ги сите изненадувања што ни претстојат овие два дена, екслузивно ви го презентираме едиторијалот изработен непосредно пред настанот во копродукција со магазинот Скала. Заштитно лице е прекрасната Дрита Абдиу од агенцијата Подиум, а деби пред објективот има и младиот Кристијан Вржалковски. Автор на фотографиите е Антонио Станков под креативна палка на Дејан Џолев. Кристина Илиевска ги склопи комбинациите со микс на облека и аксесоари од понудата на шоурумот.

Моден викенд СкопјеStefanija Naseska (блуза), Irina Tosheva (панталони), Lipa (керамика), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеLipa (керамика) Моден викенд СкопјеStefanija Naseska (мантил), Minnimal (кошула) Моден викенд СкопјеEvgenija Zafirovska (капут), Terziya (монокини) Моден викенд СкопјеMeleem (маица), Minnimal (палто), Pssbl (чанта), Irina Tosheva (панталони), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеIrina Tosheva (топ и панталони), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеMinnimal (фустан), Tessuti Art (корсет), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеStefanija Naseska (блуза), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеSeddum (фустан) Моден викенд СкопјеSeddum (фустан), Kotev Ksenija (накит) Моден викенд СкопјеLipa (керамика) Моден викенд СкопјеДетали од бекстејџ

Сите мултимедијални содржини од фото и видео сесијата ќе се објавуваат тековно и онлајн на социјалните мрежи Инстаграм и Фесјбук. Дигитален партнер на дваесет и втората сезона на Моден Викенд Скопје е телекомуникацискиот оператор А1.

Доколку бевте во недоумица со што да се подновите оваа есен, можеби баш овде и сега ќе го пронајдете вашиот фаворит. За уште повеќе оригинални парчиња, не заборавајте да го посетите шоурумот деновиве. Направете добар избор со трајна вредност.

*За време на настанот се применуваат сите мерки и препораки за заштита и превенција од КОВИД-19.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11169 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.