Почетна » Новости » Истражувања » Оралниот секс носи поголем ризик од рак на грло отколку пушењето

Оралниот секс носи поголем ризик од рак на грло отколку пушењето

Најчесто луѓето сметаат дека оралниот секс е безопасен, но вистината е сосема поинаква. ХПВ (хуман папилома вирусот), кој се пренесува и преку орален секс, се смета за главна причина за појава на рак на грлото кај лица под 50 години, предупредуваат научниците.

Научниците велат дека ХПВ кој се пренесува преку секс без заштита е главен виновник за зголемувањето на бројот на заболени од потенцијално смртоносните карциноми на устата и грлото во последните неколку децении.

Жена што пушиХПВ е поголем причинител на некои видови орални карциноми, отколку пушењето

Професорката Маура Гилисон од Охајо Стејт Универзитетот изјавила дека сексуално преносливиот ХПВ е поголем причинител на некои видови орални карциноми, отколку пушењето.

Познато е дека ХПВ е причина за околу 70% од случаите на рак на грлото на матката. Токму затоа се препорачува вакцинирање на девојчината. Докторите сега советуваат да се вакцинираат и момчињата за да се спречи ширењето на болеста.

Проф. Гилисон објаснила дека ризикот од појава на орална инфекција е директно поврзан со бројот на сексуални партнери, т.е. со колку повеќе партнери сте имале орален секс, толку поголем е ризикот да се здобиете со орална инфекција предизвикана од ХПВ.

Истражување на Универзитетот Џонс Хопкинс направено минатата година покажало дека ХПВ носи поголем ризик од појава на рак, отколку пушењето и алкохолот. Со помош на тоа истражување било заклучено дека кај оние кои имале повеќе од 6 партнери, ризикот од појава на оваа болест бил зголемен за 9 пати.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.