Почетна » Новости » Истражувања » Денес девојчињата влегуваат во пубертет пред 10-годишна возраст

Денес девојчињата влегуваат во пубертет пред 10-годишна возраст

„Децата денес растат предвреме“ – постојано ја слушаме оваа фраза, но ретко се замислуваме каков е всушност ефектот од тоа предвремено растење на децата.

Најновите истражувања покажаа дека девојчињата влегуваат во пубертет пред да наполнат 10 години и тој податок е загрижувачки.

Просечната возраст на која започнуваат да им се развиваат градите на девојчињата денес е 9 години и 10 месеци, а тоа е скоро за една година порано од просекот забележан во 1991 година кога било направено последното проучување.

Мало девојчеДенес девојчињата влегуваат во пубертет пред да наполнат 10 години.

Научниците сметаат дека најголема причина за ваквиот тренд е нездравиот начин на живот и изложеноста на хемикалиите од храната. Според нив, раниот пубертет го зголемува ризикот за појава на рак на дојка и срцеви заболувања, затоа што девојчињата повеќе се изложени на естрогенот.

„Ако девојчињата созреваат предвреме, наидуваат на тинејџерските проблеми на рана возраст и се посклони кон болести подоцна. Треба да сме загрижени за ова. Ова е јасен знак дека нешто влијае врз нашите деца, без разлика дали е брзата храна, хемикалиите во околината или недостатокот на физичка активност“ – изјавил д-р Андерс Џул.

Истражувачите сметаат дека еден од факторите за раната појава на пубертет е начинот на исхрана. Децата денес јадат многу повеќе од нивните врсници во претходните генерации и имаат поголема телесна тежина, а често се и дебели.

Освен здравствените проблеми, децата се соочуваат и со емоционални проблеми. Проблемите со кои се судираат тинејџерите и онака се доволно тешки и предизвикуваат стрес, а кога ќе се случат на возраст од 10-11 години се уште потешки.

Само за споредба, во 19 век се сметало дека нормалниот пубертет започнува на 15 години за женските, а на 17 години за машките.

Во 60-тите години на минатиот век, меѓународниот стандард за нормален пубертет бил снижен на 12 години кај женските и 14 години кај машките.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11125 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.