Почетна » Новости » Занимливости » Џејмс Мидлтон се ожени: Братот на војвотката Кетрин стапи во брак на тајна церемонија на француската ривиера

Џејмс Мидлтон се ожени: Братот на војвотката Кетрин стапи во брак на тајна церемонија на француската ривиера

Џејмс Мидлтон и Ализе Тевенет си го кажаа судбоносното „Да“ на тајна церемонија во село во Борм ле Мимоза.

На свеченоста на француската ривиера, 34-годишниот брат на војвотката Кетрин се ожени со 32-годишната експертка за финансии. Џејмс сподели фотографија од свадбата и напиша: „Вчера се оженив со љубовта на мојот живот опкружен со семејството, пријателите и се разбира неколку кучиња во преубавото село во Борм ле Мимоза. Не може да се опише со зборови колку сум среќен“.

За неговата сакана, Џејмс има изјавено дека токму таа е причината што успеал да си го трансформира животот по борбата со депресијата.

Љубовните партнери се запознаа во приватен клуб во 2018 година кога кучето на Џејмс скокнало врз Ализе. Тие се верија во септември 2019 година и двапати ја одложуваа свадбата поради ситуацијата со КОВИД-19.

Џејмс Мидлтон и Ализе Тевенет Џејмс Мидлтон и Ализе Тевенет Џејмс Мидлтон и Ализе Тевенет

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.