Почетна » Новости » Занимливости » „Ќе ми недостига ова“: Слатко потсетување за мајките дека еден ден ќе копнеат по моментите кога нивните деца биле мали

„Ќе ми недостига ова“: Слатко потсетување за мајките дека еден ден ќе копнеат по моментите кога нивните деца биле мали

Додека децата се мали, родителите се преплавени со обврски околу грижата за нив. Во нивниот живот има малечки личности кои се зависни од нив 24/7, па разбирливо е зошто тие се постојано изморени, емотивни и честопати лути.

Жаклин Ворен напиша сладок текст за да ги потсети мајките дека колку и да е тешка таа фаза од мајчинството, еден ден ќе им недостига. Бидејќи децата нема да бидат мали засекогаш.

Бебе

Ќе ми недостига ова.

Погледот во неговите очи кога ќе ме види.

Ќе ми недостига ова.

Начинот на кој се гушка во позиција за заспивање.

Ќе ми недостига ова.

Звукот на неговиот омилен збор што се повторува: „Ма-ма“.

Ќе ми недостига ова.

Да бидам негова перница и негова утеха и негово среќно место.

Знам дека ќе ми недостига ова.

Има многу делови од мајчинството кои сакаме да ги забрзаме, но има многу од нив кои не треба. Бидејќи без разлика колку се долги или кратки нашите листи со обврски, најважни се луѓето кои Бог ни ги подарил за да ги сакаме.

Садовите може да почекаат.

Валканата облека може да почека.

Но, тие слатки стапала кои нè следат насекаде, тие стануваат поголеми со секој изминат ден.

Крени го во рацете.

Врти ја наоколу.

И уживај во тоа.

Бидејќи не сакаме да заборавиме какво е чувството да си нивната личност. Не сакаме да дозволиме убавина на денешниот ден да нè одмине. Се разбира, исфлекана сум, повратена и растргната во секоја смисла на зборот. Емотивна сум, уморна, смачкана и вознемирена, но не би ја променила оваа глетка што ја имам за ништо на светот. Бидејќи длабоко во себе уште отсега можам да почувствувам...

Колку неверојатно многу, ќе ми недостига ова.

Бебе

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12082 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.