Почетна » Новости » Занимливости » „Јас не растам само син, туку и нечиј иден сопруг“: Искрен текст на блогерка за воспитувањето на момчињата

„Јас не растам само син, туку и нечиј иден сопруг“: Искрен текст на блогерка за воспитувањето на момчињата

Многу ретко родителите ги гледаат своите деца како идни возрасни личности и нечии партнери.

Блогерката Мередит Гордон во својот најнов текст става акцент на важноста на доброто воспитување на момчињата, бидејќи тие еден ден треба да израснат во грижливи сопрузи и татковци.

Мајка и син

Прочитајте го нејзиниот текст:

Мојот син има домашни обврски уште откако прооде. Отсекогаш се обидував од него да имам очекувања соодветни на неговата возраст – на пример, задача за дете: да си ги става алиштата во корпата за облека. Но, сакав син ми уште од мал да ја научи вредноста на помагањето во домот. Бидејќи јас не растам само син, јас растам нечиј иден сопруг.

Кога ѝ ја објаснив логиката на една пријателка, нејзе ѝ светна во главата. Таа никогаш не мислеше на своите деца како идни возрасни личности. Повеќето од нас не го прават тоа.

Да, може да се прашуваме на кој факултет ќе студираат или каква кариера ќе изберат еден ден, но ретко ги замислуваме нашите деца како нечии идни партнери. Тешко е и да замислиме дека повеќето од нашите деца еден ден ќе станат нечии родители!

Мојот сопруг е фантастичен партнер и татко, но требаше малку да поработиме на делот со партнерството. Тој израсна во домаќинство каде мајката беше одговорна за сите домашни обврски. Дури и кога беше болна, од неа се очекуваше да приготви домашно јадење. Ги пеглаше чаршафите, ги шеташе кучињата и переше, а не добиваше помош од нејзиниот сопруг.

Нејзина задача беше и да ги воспитува децата. Таа не одеше на работа, па можам да разберам зошто најголем дел од обврските околу грижата за детето паѓаа на нејзин грб, но детето има и татко. Жените треба да осетат дека се омажени за партнер, не за уште едно дете. Сакам мојот син да израсне во нечиј партнер, не да стане нечиј товар.

Па кога ќе го погледнам син ми, кој едвај може да си ги најде чевлите иако веќе му се на нозете, кој побрзо би умрел отколку да си ги собере работите зад себе, за разлика од неговата сестра која смета дека задачите се забавни, размислувам за тоа каков маж ќе стане. Се прашувам каков партнер ќе биде.

Сфатив дека ако ги гледа своите родители како партнери кои се грижат еден за друг, дека и тој ќе научи да биде партнер на неговата сопруга и учесник во воспитувањето на своите деца.

Ако биде воспитан дека обврските во домот не треба да се одредуваат според полот, ќе очекува да менува пелени во текот на ноќта, ќе станува рано за да биде со своите деца и ќе ја чисти лепливата дамка на подот. Момчињата исто така можат да перат облека. Тогаш, можеби ќе пораснат во мажи кои ќе го прават истото.

Не можам да гарантирам дека мојата идна снаа ќе ме сака, но ќе ми биде благодарна. Таа нема да биде сама во родителството или партнерството во бракот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11296 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.