Почетна » Новости » Занимливости » „Јави ѝ се на мајка ти денес, бидејќи може да нема утре“: Текст кој допира до сите што имаат изгубено родител

„Јави ѝ се на мајка ти денес, бидејќи може да нема утре“: Текст кој допира до сите што имаат изгубено родител

Блогерка, која прерано ја изгубила мајка си, со емотивен текст потсетува дека родителите треба да се сакаат додека се живи и дека сите треба да бидеме благодарни дури ги имаме во нашите животи.

Ники Пенингтон останала без мајка пред шест години и сега, преку својот блог „Grief To Hope“, се поврзува со други личности кои знаат како е да се изгуби родител. Нејзините зборови допираат со нејзините следбеници кои честопати го споделуваат своето искуство во коментарите.

Ники Пенингтон

Мојот утрешен ден ќе изгледа различно од твојот.

Утре, ти ќе се разбудиш и мајка ти ќе биде сè уште тука. Кошмарот и стравот неа да ја нема ќе бидат само далечна мисла. Ќе го поминеш денот знаејќи дека кога и да посакаш, можеш да го земеш телефонот и да ѝ се јавиш. Знаеш дека со само еден повик ќе имаш уво кое ќе те ислуша и зона во која нема осудување.

Утре, ти ќе се разбудиш знаејќи дека можеш да влезеш во автомобилот или да се качиш на авион за да бидеш пречекана од нејзината топла прегратка и илјада „Те сакам“.

Утре, ти ќе се разбудиш знаејќи нешто што јас не го знам. Ќе знаеш како е да имаш мајка.

Утре, јас ќе се разбудам и ќе ги бројам деновите, минутите и часовите кои прават шест години за да проверам колку долго сум без мојата мајка.

Утре, јас ќе се разбудам и ќе бидам потсетена дека не сум сонувала само лош сон, туку дека тоа е моја реалност во последните шест години.

Утре, јас ќе се разбудам знаејќи дека не можам да го земам телефонот и да ѝ го слушнам гласот на другата страна, независно колкупати ќе го свртам нејзиниот број.

Утре, јас ќе се разбудам знаејќи дека таа никогаш нема да одговори на моите повици.

Утре, јас ќе се разбудам и повторно ќе се соочам со реалноста дека не можам да возам до нејзината куќа или да се качам во авион за да одам кај неа, бидејќи ништо не патува толку далеку колку што е Рајот.

Утре, јас ќе му кажам на некого колку многу ми недостига, но тоа нема да биде онакво недостигање како кога некој е на одмор и ќе се врати наскоро.

Утре, јас ќе се разбудам и ќе знам нешто што вие не го знаете. Ќе знам како е да ја нема мајка ми.

Ти ќе имаш недели, месеци и години во кои секогаш ќе знаеш дека таа е таму. Автоматски ќе ти биде да ја каниш на настани, да ги планираш празниците со неа и да ја правиш дел од твојот живот.

Јас ќе имам недели, месеци и години во кои никогаш повеќе нема да го знам чувството дека таа едноставно е таму. Таа нема да биде на списокот на поканети гости, нејзината адреса нема да ја има на празничните честитки и таа нема да биде дел од мојот живот.

Утре, ти ќе се разбудиш и ќе знаеш нешто што јас не го знам – како е да имаш мајка. Ќе го читаш ова и нема да можеш да го разбереш ова чувство.

Оди гушни ја мајка ти.

Оди јави ѝ се мајка ти.

Оди кажи ѝ на мајката колку многу ја сакаш, бидејќи моето утре може да стане и твое некој ден.

Ники Пенингтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9484 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.