Почетна » Новости » Занимливости » Четири дена прослава по повод четвртиот роденден на Скопје сити мол

Четири дена прослава по повод четвртиот роденден на Скопје сити мол

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден со многу музика и настапи, подароци, неверојатни попусти и изненадувања за потрошувачите, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

Од 1 до 4 октомври, Скопје сити мол ќе го прославува својот четврти роденден и ќе обезбеди доживувања вредни за паметење, со големи попусти во локалите, многу музика и настапи, подароци, бесплатни коктели и слатки, жонглери, артисти, музика од гаражни бендови и ДЈ како и шопингот до 70% попуст на одредени производи во одредени продавници.

Скопје Сити Мол

На 1 октомври во рамките на традиционалниот настан „Ем умеам, ем можам“ кој веќе 4 години по ред се одржува во Скопје сити мол ќе може да уживате во детска програма и изложувачи од разни производствени капацитети , а вечерта е резервирана за настап на хрватската поп-атракција Данијела Мартиновиќ од 20:30 часот, а нејзе ќе и претходат со свој настап култните Нокаут од 18:30 часот, но авантурата низ продавниците и угостителски објекти продолжува до 24 часот, приклучувајќи се на градскиот настан „Бела ноќ“.

За најмалите се организирани креативни работилници за цртање на керамика и изработка на уникатни предмети и украси во кои ќе уживаат и ќе ги развиваат своите вештини и таленти водени од врни ментори за уметност и работа со деца. Работилниците ќе се одвиваат во игротеката Имагинариум, каде сите 4 дена влезницата ќе изнесува само 100 денари. Истотака децата ќе можат заедно со другите дечиња да бојат на џиновски шртеж со површина од 4 м2.

Дополнително Скопје сити мол организира избор на лице за насловна страна на зимското изданиена City Mall магазинот од посетителите кои ќе бидат на 1ви во Скопје Сити Мол. Победникот на овој избор освен што ќе ја краси насловната страница, ќе добие и многу вредни подароци во кои ќе ужива во текот на целата година.

Скопје сити мол за прв пат ги отвори своите врати за потрошувачите на 4 октомври 2012 година и за кратко време успеа да стане актуелно собиралиштешто ја редефинира колективната градска забавна и шопинг содржина, урбано обележје што понуди одново заживување на делот од градот што со децении беше во мирување.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.