Емра Куртишова и Петар Стојанов со слатко видео го одбележаа вториот роденден на нивната ќеркичка Лена.
Македонските актери направија компилација со фотографии од растењето на малата ќеркичка, од првиот момент по раѓањето во болницата, па сè до денес. Во описот на видеото на Instagram, Емра напиша:
„Среќен роденден мајкино. Секоја фотографија – една мала приказна за љубовта наречена Лена“.
Ѕвездата од серијата „Преспав“, позната по улогата на Исаура, со сопругот Петар станаа родители во октомври 2023 година, а во јуни истата година стапија во брак.
