Почетна » Новости » Занимливости » Цртежи на глуви деца претворени во уникатна модна колекција од албанска дизајнерка

Цртежи на глуви деца претворени во уникатна модна колекција од албанска дизајнерка

Албанската дизајнерка Мирела Нурче создаде уникатна модна колекција од цртежи на деца со оштетен слух. Моделите беа претставени од познати личности од Албанија на ревија одржана на 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со хендикеп.

Нурче ги собра малите уметнички дела на учениците од Институтот за глуви лица во Тирана и ги вметна во голем проект за да ја запознае пошироката јавност за талентот на овие деца. Цртежите беа испечатени на облека од материјали како свила и волна, на модни додатоци и обувки.

За колекцијата „With innocence on“, познатата Албанка соработуваше со главниот уредник на списанието „Living Albania“, а проектот беше поддржан и од UNDP Албанија и Шведската амбасада во Тирана.

Мотото на проектот на Нурче беше „Лица со хендикеп, но со неограничени таленти!“, а заштитно лице е албанскиот и светски познат супер модел Емина Чунмулај.

Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче Колекција на Мирела Нурче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11488 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.