Почетна » Новости » Занимливости » Цел град се сплоти за да изненади девојка болна од рак за 16. роденден

Цел град се сплоти за да изненади девојка болна од рак за 16. роденден

Аби Снајдер е девојка која води тешка битка со ракот. Минатата година, непосредно пред 15. роденден, на Аби ѝ било соопштено дека страда од леукемија, па таа морала да ја откаже роденденската забава и итно да замине на лекување. Годинава, жителите на Винчестер, Вирџинија, се погрижија Аби да ја добие роденденската прослава која ја заслужува.

Аби Снајдер

Бидејќи родителите на болната девојка немале доволно финансиски средства за да ѝ ја приредат посакуваната забава поради трошоците за лекување, Том Мичел, основач на локална фондација за деца болни од рак, ги зел нештата во свои раце. Мичел обединил локални жители и бизнисмени и заедно организирале голема роденденска прослава.

Аби Снајдер Аби Снајдер

Пред големиот настан, Аби добила бесплатно професионално шминкање, а Мичел ја зел од дома со луксузна лимузина. Но, Аби не се ни сомневала дека ѝ претстои изненадување, бидејќи Мичел постојано ѝ велел дека одат на хуманитерен настан каде таа требало да одржи говор за да помогне во собирањето парични средства за фондацијата. Реакцијата на Аби кога 100 гости ќе извикаат „Изненадување!“ е скапоцена.

„На почетокот бев збунета, а потоа започнав да врескам и да плачам. Беше прекрасно. Буквално таа ноќ се чувствував како Пепелашка“ – изјавила Аби по настанот.

Аби Снајдер Аби Снајдер

Поради леукемијата и терапијата која ја примала, Аби поминала низ тешка година и трипати била на работ на смртта. Во видеото таа вели: „Имаше моменти кога не сакав да се лекувам повеќе и само сакав да ме убијат. Но, знаев дека не можат да го направат тоа. Има и моменти кога сакаш да се откажеш, но едноставно мораш да продолжиш“.

Аби Снајдер Аби Снајдер

Поддршката која Аби ја добила од блиските за роденденот ја обновила нејзината желба да се бори со ракот.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10602 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.