Почетна » Новости » Занимливости » Хрватска мејкап артистка се трансформира во Тоше Проески, ги растажи фановите низ Балканот

Хрватска мејкап артистка се трансформира во Тоше Проески, ги растажи фановите низ Балканот

Мејкап артистка со помош на шминка се претвори во Тоше Проески и разбуди бура од емоции кај неговите фанови низ регионов.

Марина Мамиќ го „оживеа“ ликот на непрежалениот македонски славеј, а процесот го започна со солзи во очите.

Марина Мамиќ

„Оваа трансформација беше потешка од која било… затоа што додека се претвoрав во него, ја чувствував сета таа тага што го нема повеќе. Недостига“ – напиша хрватската висажистка на својот Инстаграм, каде објави видео од својата најемотивна преобразба досега.

Набргу следуваа стотици коментари, од Мостар до Битола, од Загреб до Крушево:

„Тоше беше човек со душа и таа душа живее во неговата музика“

„Ова е повеќе од трансформација – ова е омаж, ова е љубов“

„Фала што не го заборави нашиот Тоше. Тој е наше непроценливо богатство“

„Се ежам од песната и од видеото. Прекрасно. Срцето ми се стегна“

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 28011 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.