Почетна » Новости » Занимливости » Хрват поправа стари велосипеди и им ги подарува на деца кои не можат да си купат

Хрват поправа стари велосипеди и им ги подарува на деца кои не можат да си купат

Златко Џаковиќ се залага за голема хуманитарна мисија. Хрватот со големо срце поправа стари велосипеди и потоа им ги подарува на деца од социјално загрозени семејства.

Посветениот механичар објави повик за донирање на стари велосипеди и велосипедски делови. Потоа, истите ги расклопува и ги користи за да направи исправни велосипеди за дечињата кои немаат пари да си купат нови.

Златко Џаковиќ донира велосипеди

„Се сетив на овие наши деца кои моментално не можат да си дозволат ништо, ни за Божиќ, а ни за ништо друго. Време е да се топлиме, а пензиите се мали“ – изјавил тој.

Златко е основач на велосипедскиот клуб „Furaj Lega“, а живее само со средствата од социјалната помош и не прима пензија. „Размислував за тоа како живеат семејствата кои едвај склопуваат крај со крај, исто како и јас“ – објаснил Џаковиќ.

Златко Џаковиќ донира велосипеди Златко Џаковиќ донира велосипеди

Дел од велосипедите, Златко ги донираше за деца од Домот за згрижување „Klasje“.

Повикот за помош на Златко наиде на голем одзив кај граѓаните. Со нивните донации и со помошта на неколку ентузијасти, најмалку 80 дечиња ќе бидат изненадени со велосипеди за кои досега само сонувале дека може да ги имаат.

Златко Џаковиќ донира велосипеди Златко Џаковиќ донира велосипеди Златко Џаковиќ донира велосипеди

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11054 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.