Почетна » Новости » Занимливости » Хит фотографии: Неродени близначки се „бакнуваат“ во утробата на мајка си

Хит фотографии: Неродени близначки се „бакнуваат“ во утробата на мајка си

Родители споделија снимки од ултразвук за да ја покажат специјалната врска меѓу нивните неродени близначки. На снимките, двете бебиња се „бакнуваат“ во утробата на нивната мајка.

Близначки Близначки

Кариса Гил била во 25-тата недела од бременоста кога со сопругот Ренди ги виделе своите идни ќерки како си разменуваат „бакнежи“ за време на прегледот со ултразвук. Кариса вели дека не ни помислувала дека близначките Изабела и Кејли се толку блиску една до друга, па моментот бил многу посебен за неа.

„Беше толку слатко, толку многу убаво за гледање. Не знам како да објаснам, но нивната блискост беше неверојатна. Никогаш не сум видела нешто слично. Ги чувам сите снимки за да им ги покажам. Нема да им се верува, ќе бидат изненадени“ – вели Гил.

Близначки Близначки

„Сакав да ја споделам мојата приказна со светот. Бременоста е прекрасно нешто за овековечување, особено кога ќе видиш моменти како овој“ – додава таа.

Кариса на Instagram сподели и друга фотографија на која едното бебе го „бакнува“ другото на образот. „Изабела ја бакнува својата сестричка Кејли на образот“ – напиша таа.

Близначки Близначки

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11216 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.