Почетна » Новости » Занимливости » Фудбалски клуб на емотивен начин му оддаде почит на брачен пар кој не пропуштал ниту еден натпревар

Фудбалски клуб на емотивен начин му оддаде почит на брачен пар кој не пропуштал ниту еден натпревар

Мумтаз и Исан беа верни обожаватели на фудбалскиот клуб Фенербахче и не пропуштаа ниту еден нивен натпревар. Иако брачниот пар веќе не е на овој свет, турскиот клуб одлучи да му оддаде почит за лојалноста и поддршката.

Бидејќи поради коронавирусот натпреварите се одржуваат без публика, фудбалскиот тим постави огромна фотографија од Мумтаз и Исан на трибините.

„Нашите тетка Исан и чичко Мумтаз ќе бидат со нас утре, како што беа на секој меч. Тие се во нашите срца, никогаш нема да ги заборавиме“ – стои во описот на видео од Фенербахче.

Мумтаз и Исан Мумтаз и Исан

Исан и Мумтаз отсекогаш навивале за Фенербахче, а откако тој почина пред неколку години, Исан сама ја продолжила традицијата за посета на фудбалските мечеви.

Мумтаз и Исан

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12003 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.