Почетна » Новости » Занимливости » Фотошоп експерт се шегува со луѓе кои сакаат вештачко „подобрување“ на фотографиите, резултатот ќе ве насмее

Фотошоп експерт се шегува со луѓе кои сакаат вештачко „подобрување“ на фотографиите, резултатот ќе ве насмее

Џејмс Фридман е Фотошоп експерт кој ги редактира фотографиите на луѓето на хумористичен и забавен начин.

Талентираниот Британец прима нарачки од неговите обожаватели кои сакаат вештачко „подобрување“ на нивните фотографии, но ги сфаќа премногу буквално нивните барања за промени. Бидејќи Џејмс честопати се шегува со интернет корисниците, нарекуван е и Фотошоп трол. Неговата работа ја следат повеќе од 2 милиони Instagram корисници.

Погледнете ги делата на Фридман кои потсетуваат дека треба да внимавате што посакувате.

Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман

Но, Фридман покажа дека има големо срце и разнежи многу луѓе со неодамнешна фотографија испратена од девојка со мускулна дистрофија. Во нејзиното барање пишувало: „Здраво! Имам мускулна дистрофија и не можам да ги исправам моите раце. Можеш ли да направиш да изгледам нормално?“.

Џејмс воопшто не ја измени фотографијата и ѝ напиша: „Самоприфаќањето е постојана битка. Терминот ‘нормално’ е пропагандна техника користена од модерното општество за да нè натера да се вклопиме во постоечки стандард. Ако не можат луѓето да видат подалеку од твојата физичка состојба, најверојатно не се вредни за твоето внимание. Убава девојка со искрена насмевка и прекрасна коса е сè што јас гледам на оваа фотографија“.

Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман

Еве и други негови шеговити фотографии:

Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман Џејмс Фридман

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11129 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.