Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Татко ги бои цртежите на своите три деца додека е на бизнис патувања

ФОТО: Татко ги бои цртежите на своите три деца додека е на бизнис патувања

Фред Џиованити е татко кој пронајде начин како да ја одржи цврста врската со своите три деца и во моментите кога е далеку од нив.

Талентираниот татко често патува со авион и за време на летовите, со помош на дрвени боици ги оживува имагинативните цртежи на ќерката Софија и двата сина, Џакстон и Фреди.

Цртеж Цртеж Цртеж

Фред со својата фамилија живее во Делавер, но поседува студио за тетовирање во Лас Вегас, каде престојува по 10 дена месечно, па затоа патува многу често.

Откако неговите дела го обиколија светот, Фред на Imgur сподели и како започнала традицијата. „Моите деца обожаваа да ми цртаат слики за да ги чувам блиску до себе додека патувам. Еден ден ќерка ми не стигна навреме да ми наслика нешто, па непосредно пред да заминам, таа набрзинка ми нацрта цртеж. Во авионот јас редовно си носам блок за цртање и боици. Конкретно на тоа патување, наместо да цртам во мојот блок, решив да го обојам цртежот на ќерка ми на истиот начин како што би ги обоил моите цртежи“ – пишува тој.

Се разбира, децата секогаш се одушевени од крајните резултати, што е доволно силна причина за Фред веќе четири години да ги обојува нивните фантазии на лист хартија.

Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Цртеж Софија, Џакстон и ФредиСофија, Џакстон и Фреди Фред со своите децаФред со своите деца

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11219 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.