Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Талентирана тинејџерка создава бајковити фустани

ФОТО: Талентирана тинејџерка создава бајковити фустани

Делата на Ангела Клејтон ќе ви покажат дека секогаш треба да ја следите својата страст. Талентираната девојка од Лонг Ајленд, Њујорк, се инспирира од својата љубов кон модата од средновековието и од принцезите на Дизни и создава одушевувачки фустани и костими.

18-годишната Американка започнала да шие пред само неколку години, а нејзиниот талент со текот на времето сè повеќе и повеќе се развива.

Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон

Клејтон ги обожавала манифестациите на кои се носат костими инспирирани од ликови од анимираните филмови, но бидејќи не можела финансиски да си ги дозволи костимите кои се продавале онлајн, таа решила да ги преземе работите во свои раце. Пред четири години таа го создала својот прв костим – школска униформа од јапонски анимиран филм.

Првиот костим кој Ангела го создаде на 14-годишна возрастПрвиот костим кој Ангела го создаде на 14-годишна возраст Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон

Ангела се надева дека нејзиното хоби ќе стане нејзина професија. „Се надевам дека мојата идна кариера ќе произлезе од ова. Навистина уживам да го правам. Обожавам да правам костими и сакам да ги оживувам идеите. Ако можам тоа да го правам за мода, особено за филм или театар, тоа ќе биде одлично. Тоа е мојата работа од соништата“ – изјавила таа.

Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон Ангела Клејтон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11555 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.