Дворецот Луј XIV стана најскапиот дом на светот откако се продаде за вртоглави 301 милион долари (275 милиони евра).
Екстравагантниот имот се наоѓа помеѓу Версај и Марли ле Роа. Иако наликува на градба од 17. век, тој всушност се градеше во периодот 2008-2011 година.
Прекрасните градини во француски стил, кралскиот раскош, огромната винарска визба и грандиозниот аквариум го привлекле анонимниот купувач од Средниот Исток.