Подготовките за кралската свадба достигнуваат кулминација. Меган Маркл и принцот Хари тукушто пристигнаа во замокот Виндзор за пробата за големата свеченост која е закажана за 19 мај.






Во друг автомобил беа фотографирани војвотката Кетрин и принцот Вилијам.


Пред само 3 часа Меган се огласи преку соопштение за јавноста за нејзиниот татко Томас. Откако беше опериран поради оштетување на срцето по преживеан срцев удар, тој закрепнува во болница и нема да присуствува на свадбата.
„За жал, мојот татко нема да присуствува на нашата свадба. Отсекогаш сум се грижела за татко ми и се надевам дека нему ќе му биде даден просторот што му е потребен за да се фокусира на неговото здравје.“
„Сакам да им се заблагодарам на сите за љубезните пораки за поддршка“ - се вели во соопштението.






