Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Мајка плаче кога ќе види како аутистичниот син се поврзува со своето куче за терапија

ФОТО: Мајка плаче кога ќе види како аутистичниот син се поврзува со своето куче за терапија

Една фотографија, илјадници зборови.

Шана со синот и кучето Торнадо

Нема да можете да останете рамнодушни на фотографијата и текстот на Шана Нихаус, мајка на 5-годишно аутистично дете. Во него таа раскажува колку многу ѝ се променил животот откако нејзиниот син добил сертифицирано куче за терапија.

Шана вели дека поради аутизмот таа не може слободно да му се доближи на своето малечко, да го прегрне и да го искапи, како и дека тоа нема пријатели, затоа што му е тешко да изгради однос со нив. Затоа, моментот кога го видела синот како слободно лежи врз своето куче Торнадо бил толку емотивен за неа. Тоа бил момент кој ја уверил дека во иднина сè ќе биде во ред.

Мајката ја споделила својата приказна, бидејќи премногу луѓе не знаат за позитивниот ефект кој кучињата го имаат врз децата со аутизам, но најверојатно не очекувала дека постот ќе стане вирален хит на социјалните мрежи.

„Не знам зошто, но луѓето сè уште нè прашуваат зошто понекогаш им даваме кучиња за терапија на децата. Дозволете ми да ви помогнам да сфатите преку мајка која го знае тоа од прва рака“ – пишува на сајтот на „4 Pows For Ability“, организација која тренира кучиња за да им помагаат на деца со специјални потреби.

Го гледате овој момент? Никогаш не сум искусила момент како овој. Вчера беше првиот ден кога мојот 5-годишен аутистичен син го запозна своето куче за терапија за аутизам, Торнадо.

Оваа фотографија го прикажува лицето на мајка која го гледа своето дете, кое не може да го прегрне, искапе, облече, гушне и допре, како слободно и своеволно лежи на своето куче за терапија со умислена, молчалива поврзаност. Ова е лицето на мајка која го видела својот син како искусува безброј неуспешни социјални интеракции во детскиот парк во обид да си најде пријател. Каков било пријател. Каква било врска. Таа седеше со синот додека тој плачеше навечер со месеци затоа што нема постојана врска надвор од семејството, независно колку напорно работи на своите терапии за аутизам. А сега таа седи зад него, тивко гледајќи го овој момент кој ѝ го истиснува воздухот од градите и ја остава без зборови.

Вреди секоја борба за да се добие куче за терапија за мојот син, секоја дијагноза, секој потрошен долар, секој пополнет документ, секој училиштен состанок, секоја пролеана солза, секој чекор напред, секој чекор назад, секое прашување за непознатата иднина. На некој начин, поради ова, поради Торнадо, јас знам дека сè ќе биде во ред. Како мајка, сум видела безброј предизвици и болни моменти со кои се соочил мојот син и безброј за кои плачел. Но вчера, јас плачев поради друга причина. Тоа е чувство кое не може да се опише.

Откако текстот се рашири онлајн, многу други мајки споделија фотографии од своите деца со посебни потреби, заедно со нивните најдобри пријатели – кучињата. Еве дел од коментарите:

„Кучето му даде на мојот син зборови... Големи прегратки за оваа мајка. Ние се молевме за овој момент и Бог ни испрати куче.“

Куче

„Ова е мојот 11-годишен син (од аутистичниот спектар) и неговиот најдобар пријател Елиот. Син ми ретко спиеше навечер додека овој голем воин не пристигна во неговиот живот.“

Куче

„Иако нашето куче не е куче за терапија, таа е неверојатна сама по себе. Врската којашто ја имаат со мојот свет е неверојатна. Мојот син е во аутистичниот спектар и на тригодишна возраст имаше тумор на мозокот. Овие двајца се неразделни.“

Куче

„Нашето семејство потполно ја разбира оваа приказна и пролеа неколку солзи-радосници. Ангелот на нашето мало човече се вика Френки. Френки не само што му ја даде на нашето малечко слободата на животот, туку и му даде зборови. Да... во моментот во кој Френки пристигна во неговиот живот, тој започна да зборува. Оваа фотографија зборува многу за тоа колку многу кучето за терапија значи за едно семејство.“

Куче

Еве дел и од останатите фотографии:

Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче Куче

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10379 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.