Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Зоран Заев со сопругата Зорица на прием кај Доналд и Меланија Трамп во Њујорк

ФОТО: Зоран Заев со сопругата Зорица на прием кај Доналд и Меланија Трамп во Њујорк

Зоран Заев моментално е во официјална посета на САД. За време на неговиот престој во Њујорк, тој присуствуваше на дипломатски прием организиран од Доналд Трамп, во рамките на Генералното собрание на Обединетите нации.

44-годишниот македонски премиер беше придружуван од сопругата Зорица, додека 73-годишниот претседател на САД остваруваше средби заедно со сопругата Меланија.

Зоран и Зорица Заеви со Доналд и Меланија Трамп

И двете дами беа облечени во црни комбинации.

Зорица Заева и Меланија Трамп

„Чест и задоволство ни беше со Зорица да присуствуваме на приемот организиран од Претседателот Трамп и првата дама Меланија, во Њујорк за време на ГС на ОН.“

„Претседателот ни упати порака дека го цени и целосно го поддржува Договорот од Преспа. Чест е да се добие ваква поддршка од врвен лидер и креатор на глобални договори“ – стои во описот на фотографијата која ја објави Заев.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11131 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.