Дизајнерката Далија Мамуд исполнува детски соништа, но само ако родителите се склони да ѝ платат илјадници долари. Нејзината компанија „Dahlia Design“ создава соби кои ја оживуваат магијата и ги водат децата во светот на бајките.
Секој детаљ во скапите соби е внимателно избиран за да одговара на одредена тема и на желбите на родителите и децата. За да се долови луксузниот ефект, некои од просториите се украсени дури и со сваровски кристали.
Многумина ќе се согласат дека инвестирањето на стотици илјади долари во детска соба е лудост, но Далија вели дека има родители кои со задоволство плаќаат високи суми. Пред пет години таа била повикана за да ја уреди собата на 2-годишно девојче. На крајот, родителите платиле 200.000 долари за соба со мал замок.


По само две години, Далија ја реновирала истата соба уште еднаш, за да ја прилагоди на возраста на девојчето.




„Бесценета е реакцијата на повеќето деца кога за прв пат ќе ги видат своите соби. Очите ми се насолзуваат кога ја гледам нивната возбуда, бидејќи тие се многу среќни и благодарни“ – вели Далија. Погледнете уште неколку нејзини проекти.







