Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Брачен пар трансформира училиштен автобус во удобен дом

ФОТО: Брачен пар трансформира училиштен автобус во удобен дом

Кога Мира и Џереми Томпсон купиле стар училиштен автобус со идејата често да патуваат, тие не можеле ни да претпостават дека ќе се чувствуваат толку удобно во него, што ќе посакаат да го претворат во свој дом.

Сè започнало во 2011 година, кога парот одлучил да започне да живее поавантуристички и минималистички. Мира и Џереми станале сопственици на стар жолт автобус и неколку години патувале со него. Убавите спомени кои ги врзувале за автобусот не им дозволиле лесно да се откажат од него, па започнале со реализирање на интересна идеја – подвижен дом.

Потребни биле две години за упорните партнери да го создадат мобилното живеалиште за кое сонувале. Сега, автобусот долг 11 метри вклучува дневна соба, спална, кујна и тоалет и слободно може да се каже дека наликува на нормален дом.

Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон

„Отсекогаш сакав да живеам во мала куќа, но предуслов беше таа да биде удобна и топла“ – изјавила Мира.

Најуникатниот дел во мини-домот е спалната „соба“. Рамката во која е сместен креветот е исполнета со фиоки, а оние кои се под душекот се протегаат по целата негова должина и овозможуваат огромен простор за складирање. Просторот над спалната е претворен во удобно катче каде Џереми се релаксира свирејќи гитара.

Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон

Пред повеќе од една година, парот доби ќеркичка.

Домот на Мира и Џереми Томпсон Домот на Мира и Џереми Томпсон

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27473 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.