Почетна » Новости » Занимливости » ФОТО: Блогерка со акни го покажа лицето без шминка со моќна порака за самодовербата

ФОТО: Блогерка со акни го покажа лицето без шминка со моќна порака за самодовербата

Никој, ама никој не е совршен...

Блогерка со проблематична кожа откри како изгледа нејзиното лице без шминка за да пренесе важна порака. Таа цели да покаже дека не треба да им дозволуваме на несовршеностите да ни ја „згазат“ самодовербата и да диктираат како да го градиме нашиот карактер.

Бек Ломас привлече големо внимание на социјалните мрежи и има 156.000 следбеници на Instagram, а сега ја користи својата популарност за да покаже дека „магијата“ на интернетот не е секогаш одраз на реалноста.

Бек

Во описот на фотографијата на која позира без грам шминка, 22-годишната Австралијка напиша:

Ова е мојата моментална ситуација. Акнесто, крваво, болно лице. Не изгледа толку лошо, но чувството е многу лошо. Мојата кожа секогаш ќе биде приказна сама за себе и не мислам дека некогаш ќе бидам една од оние девојки кои се чувствуваат добро без шминка и тоа е во ред. Дури и кога мојата кожа е во најдоброто издание, што понекогаш се случува, кога немам големи „лути“ акни и сè изгледа мазно, јас сè уште не се чувствувам комфорно. Чувствувам дека не можам да носам маички на прерамки или блузи со разголен грб, бидејќи кожата на грбот ми е сè уште во лоша состојба, што донекаде ме вознемирува.

Но само поради тоа што не се чувствувам самоуверено за мојата кожа, не значи дека не сум самоуверена личност. Поминав долг пат од времето кога бев девојче кое плачеше секоја вечер поради изгледот на својата кожа.

Овој пост е само за да ви покажам дека треба да бидете самоуверени и покрај вашите мали несовршености. Сите ние имаме нешта кои по малку ни ја убиваат самодовербата, никој не е потполно совршен, иако понекогаш тоа може да изгледа како крај на светот за тебе, за другите може да е незабележливо.

Среќните луѓе се најубавите луѓе и знам дека е тешко да бидете среќни кога се фокусирате на вашите несовршености, но јас само сакам да ви кажам дека вие сте убави дури и ако имате акни на лицето или на грбот или целулит, или ако бутовите ви се допираат кога чекорите или имате стрии.

Вие сте убави, уникатни и прекрасни, а кога сте самоуверени и среќни, тие ваши карактеристики ќе направат да сјаете уште повеќе и ќе бидете уште поубави. ОВИЕ се моите несовршености, тие ме прават тажна понекогаш, но тие не се тоа што сум јас и нема да ми ја убијат самодовербата, па не дозволувајте вашите несовршености да ви ја убијат самодовербата!

Бек Бек Бек Бек Бек

За искрените пораки и реалните фотографии Бек постојано добива многу позитивни коментари.

„Она што го сакам кај твојот Instagram профил е твојата искреност и тоа што ни ја покажуваш ВИСТИНСКАТА ти“, „Ова е реалноста на многу луѓе, вклучувајќи ме и мене. Ти благодарам што си толку храбра и искрена. Твојата кожа е убава и ти си инспирација“ и „Ти си природна убавица“ - се дел од коментарите.

Бек Бек Бек Бек Бек

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11760 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.