Почетна » Новости » Занимливости » „Изгледаш одвратно“: Блогерка исмејувана поради акните има моќна порака

„Изгледаш одвратно“: Блогерка исмејувана поради акните има моќна порака

Кога блогерката Ем Форд решила да го покаже пред светот своето вистинско лице без шминка и со многу акни, таа добила повеќе од сто илјади коментари. За жал, зборовите во многу од нив не само што не биле охрабрувачки, туку и биле навредливи, шокантни и вознемирувачки.

Поттикната од тоа, Ем го создаде видеото „My Pale Skin“, кое содржи реални коментари за нејзиното лице. На почетокот од видеото, смелата девојка е без шминка, а околу неa се појавуваат пораки како: „Не можам ни да ја гледам“, „Нејзиното лице е многу грдо“, „Грозно“, „Ужасно“, „Сериозно... дали некогаш си го има измиено лицето?“, „Изгледаш одвратно“.

Потоа, Ем започнува да ги покрива акните и со помош на шминка целосно успева да го трансформира својот изглед. Како што се менува изгледот на Форд во видеото, така коментарите стануваат попозитивни, но навредите не стивнуваат. „Премногу се шминкаш“, „Многу си грда, затоа ставаш толку многу шминка“, „Замисли си да се разбудиш покрај неа наутро“...

„Сакав да создадам филм кој ќе прикаже како социјалните медиуми создаваат нереални очекувања и од мажите и од жените. Предизвикот со кој многумина се соочуваат денес е дека како општество, навикнати сме да гледаме лажна слика за совршенство и да се споредуваме себеси со нереални стандарди за убавина, па тешко е да го запомниме најважното нешто – Ти СИ убава. Верувај во себе и никогаш не дозволувај некој да ти каже дека не си убава – дури ни ти самата“ – пишува инспиративната блогерка и ѕвезда на Instagram.

Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд Ем Форд

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9503 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.