Почетна » Новости » Занимливости » Фит татко ги вклучува своите две деца во тренинзите за да им создаде здрави навики од мали нозе

Фит татко ги вклучува своите две деца во тренинзите за да им создаде здрави навики од мали нозе

Татко стана вирален хит на интернет откако минатата година објави видео на кое вежба заедно со своите мали деца во дневната соба.

Брент Круитоф ги вклучува своите синчиња во тренинзите за да помине квалитетно време со нив и да им создаде здрави навики од мали нозе. 32-годишниот фитнес зависник редовно споделува видеа од семејните тренинзи за да поттикне и други млади родители да го следат примерот на неговото семејство.

Круитоф вели дека иако заедничките тренинзи со децата не се најефективни, тие се одличен начин за децата да учат да бидат активни од мали.

„Семејните тренинзи: Не се најинтензивните тренинзи. Не се најефективни тренинзи. Не се време поминато во мир и спокојство. Не се лесни. Тие се одличен начин да бидеш пример за активна личност пред твоите деца. Тие се одличен начин за да ја забрзате работата на вашето срце и да испотите во најзафатената фаза од животот. Тие се корисни за да ја извадите енергијата од вашите деца и што е најважно, тие се ЗАБАВНО нешто кое можете да го правите заедно.“

„Нашиот најголем приоритет е да им ги направиме тренинзите забавни на децата. Пуштете музика во која тие уживаат и пуштете ја гласно. Смејте се многу. Охрабрувајте ги постојано. Не ги принудувајте да прават вежба која не ја сакаат. Наградете ги кога добро ќе си ја завршат работата. Ако тие се забавуваа, ќе се забавувате и вие“ – советува тој.

Брент вели дека воопшто не очекувал да стане хит, но дека се чувствува одлично што може да инспирира и други лица низ светот.

„Вежбам пред нив уште од нивното раѓање, пред три години, и тие сакаат да ги имитираат нашите тренинзи. Често вежбаме во дневната пред легнување и започнавме да се снимаме. Споив некои од нашите тренинзи. Она што се случи следно ме шокира и мене и сопругата. Бевме изненадени од рекацијата на нашето видео, бидејќи луѓето сакаат да видат семејство кое минува време заедно“ – вели Круитоф.

Брент Круитоф Брент Круитоф Брент Круитоф

Видеа

A video posted by FLYUP Fitness (@flyupfitness) on

A video posted by FLYUP Fitness (@flyupfitness) on

A video posted by FLYUP Fitness (@flyupfitness) on

A video posted by FLYUP Fitness (@flyupfitness) on

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 26293 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.