Почетна » Новости » Занимливости » Филмско запросување на Широк Сокак: Битолчанец ја изненади саканата со романтичен предлог за брак

Филмско запросување на Широк Сокак: Битолчанец ја изненади саканата со романтичен предлог за брак

Филмски предлог за брак на Широк Сокак ги расположи битолчани.

Никола Вангеловски клекна на колено и на романтичен начин ја запроси саканата Алвона Балојани на плоштадот „Магнолија“ со музика, ружи и транспарент со нивни фотографии. Среќната девојка му кажа „Да“ на својот партнер.

Никола и Алвона Никола и Алвона Никола и Алвона Никола и Алвона Никола и Алвона Никола и Алвона Никола и Алвона

Партнерите објавија фотографии на своите Facebook профили и им се заблагодарија на сите кои придонесоа за нивниот ден да биде уште поспецијален.

„Сакајте си го градот, сакајте се меѓу вас, не бегајте, верувајте од овде поарно нема“ – напиша меѓу другото Никола.

„Од срце Ви благодарам на сите, а посебно на мојот Никола. Благодарам што бевте дел од овој прекрасен ден – една вистинска магија низ Битола која верувам долго ќе се памети. Посакувам секој ден да ги славиме љубовта и животот“ – стои во објавата на Алвона.

Бенита Стојмирова, која беше на плоштадот во моментот на запросување, исто така објави фотографии.

„Романтично запросување на Широк Сокак. Со среќа“ – напиша таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 25705 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.