Ставете го на пауза брзиот начин на живот за да поминете квалитетно време со вашите најмили. Денес светот го одбележува Меѓународниот ден на семејството.

Датумот 15 мај беше определен од Генералнотo coбраниe на Обединетите Нации во 1993 година со цел да се истакне важноста на семејството. Годинашната тема „Families and inclusive societies“ ја акцентира улогата на семејството во создавањето на мирни и инклузивни општества за одржлив развој.
Цитати за семејството
„Што можете да направите за да промовирате мир во светот? Одете дома и сакајте го своето семејство.“
Мајка Тереза
„Семејството е најважното нешто на светот.“
Принцезата Дијана
„Сите среќни семејства се исти. Секое несреќно семејство е несреќно на свој начин.“
Лав Толстој
„Можете да се збогувате со семејството и пријателите и да ставите милји меѓу вас, но во исто време ги носите нив со себе, во своето срце, во своите мисли, во својот стомак, бидејќи не само што вие живеете во свет, туку и цел свет живее во вас.“
Карл Фредерик Бикнер
„Еден ден за мене ќе правиш работи кои ги мразиш. Тоа значи да сте семејство.“
Џонатан Фоер
„За да ја разберете љубовта на вашите родители, мора да израснете свои деца.“
Кинеска поговорка
„Човек никогаш не треба да го запостави семејството поради бизнис.“
Волт Дизни