Учителка со големо срце започна кампања и собра доволно средства за да им овозможи на сите 650 ученици нови велосипеди, а нивните реакции ќе ве разнежнат. Таа работи во училиште каде учат деца од сиромашни семејства.
Видео
Кејти Бломквист ја започнала благородната мисија откако видела дека некои деца од училиштето во Јужна Каролина немаат можност да поседуваат велосипед.
„Секое дете заслужува да има велосипед, но за жал, не секое дете има можност да го добие. Јас лично ги гледам проблемите и тешкотиите со кои некои деца се соочуваат во животот. Многу од нив немаат шанса да излезат надвор од нивната непосредна заедница или да имаат различни искуства преку викендот и летото. Напротив, многу од нив играат исклучиво во нивната улица со маалските деца или гледаат само телевизија.“
„Низ годините, разговарајќи со учениците, сфатив дека многу од нив никогаш не возеле велосипед или немале средства да поседуваат велосипед, особено не нов“ – пишуваа таа на страницата на GoFundMe, каде ги снабди и потребните пари.




Кејти ја започна својата мисија минатиот септември со цел да ги собере потребните средства до Божиќ, но бидејќи не успеа во тоа, децата го добија големото изненадување на крајот од минатиот месец. Таа собра повеќе од 80.000 долари за да им купи велосипеди и заштитна опрема на децата.
„Никогаш не сум била посреќна од моментот кога се подигнаа прекривките и децата започнаа да врескаат. Децата се гушкаа едно со друго, скокаа горе-долу, врескајќи! Тоа беше подобро одошто си замислував“ – рекла Бломквист.
„Велосипедот претставува многу нешта. Претставува чувство на сопственост, на слобода, на тренинг, на транспорт, но што е најважно го претставува основното право на детството – правото на радост“ – додала таа.




