Почетна » Новости » Занимливости » „Убаво е сама да ја дознаеш веста“: Создаден тест за бременост за лица со оштетен вид

„Убаво е сама да ја дознаеш веста“: Создаден тест за бременост за лица со оштетен вид

Правењето на тест за бременост треба да биде интимно и приватно за секоја личност. Но, за жал, со стандардните тестови лицата со оштетен вид не можат сами да го дознаат резултатот, па се принудени да ја слушнат таа важна вест од друга личност.

Националниот кралски институт за слепи лица од Велика Британија создаде прототип на тест за бременост, кој ќе им овозможи на жените преку допир да ги дознаат резултатите.

Тест за бременост за лица со оштетен вид

Доколку тестот е позитивен, на жолтиот дел се испакнуваат топчиња, кои ѝ кажуваат на жената дека е во блажена состојба. Овој прототип бил изработен во рамките на кампања „Дизајн за секого“, која има за цел да руши бариери. Според учесниците, никој не треба да ја жртвува својата приватност поради недостапен дизајн.

„Јас треба да бидам првата која ќе ги дознае резултатите. Ова е мое тело, а не можам прва да дознаам што се случува во него“ – изјавила една од жените пред да им биде претставен прототипот. „Тоа никогаш не е тајна која можам да ја чувам за себе. Убаво е сама да ја дознаеш веста“ – додала таа.

Тест за бременост за лица со оштетен вид Тест за бременост за лица со оштетен вид

ВИДЕО:

„Постојат различни околности под кои луѓето може да забременат. Може да не го сакаш бебето и не сакаш тоа да се знае. Треба да биде нешто кое ќе го чуваш за себе, бидејќи може да наидеш на осудувања од луѓето“ – велат во видеото.

Тест за бременост за лица со оштетен вид Тест за бременост за лица со оштетен вид

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11168 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.