Почетна » Новости » Занимливости » „Тој ги усреќува луѓето“: 4-годишно момче со Даунов синдром стана модел со својата харизма

„Тој ги усреќува луѓето“: 4-годишно момче со Даунов синдром стана модел со својата харизма

Момче со Даунов синдром стана модел за детска облека благодарение на својата харизма и широка насмевка. Тоа е дел од рекламните кампањи на брендот Mothercare.

4-годишниот Рајли Бекстер со причина е нарекуван „Smiley Riley“. Каде и да се појави, тој ги расположува луѓето. „Тој ги усреќува луѓето, дури и кога нивниот ден е лош, тие се расположуваат кога ќе ја видат неговата насмевка“ – изјавил таткото на Рајли, Стјуарт.

Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер

Родителите Кристи и Стјуарт биле премногу исплашени откако непосредно по раѓањето дознале дека нивниот син има Даунов синдром. Тие се плашеле дека тој ќе биде отфрлен и исмејуван од суровиот свет, но сега се пресреќни затоа што грешеле. Рајли е прифатен и обожаван од околината.

„Плачев откако ни кажаа дека тој има Даунов синдром. Не плачев затоа што би го сакал помалку, туку затоа што знаев колку суров може да биде светот. Тоа беше првото нешто што ми помина во мислите, но очигледно моите перцепции беа погрешни, неверојатно е колку грешев.“

„Се плашев од непознатото и се прашував зошто ова ни се случува токму нас, но само ако го знаев тогаш она што го знам сега, воопшто немаше да бидам вознемирен.“

„Тој ужива во сè што прави и прави сè со насмевка. Кога луѓето ќе го видат, не го гледаат неговиот хендикеп, туку неговата насмевка“ – рекол Стјуарт.

Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер

Малото момче засега може да изговара реченици составени од два збора, знае да брои до 10 и да кажува дел од азбуката, но неговите родители се убедени дека може да прави сè што можат и останатите деца.

„Тој може да прави сè што можат сите останати, само му е потребно подолго време, па ние уживаме повеќе. Ние му сме потребни повеќе, па ако не нешто друго, тоа значи дека ние можеме да му дадеме екстра љубов. Пресреќни сме што го имаме нашето момче за да го сакаме и растеме“ – додал гордиот татко.

Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер Рајли Бекстер

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11551 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.