Почетна » Новости » Занимливости » Тинејџерка сакаше да ја покаже моќта на шминката, но наиде на куп злобни коментари

Тинејџерка сакаше да ја покаже моќта на шминката, но наиде на куп злобни коментари

Мејси Бич сподели на социјалните мрежи неколку фотографии на кои половина од лицето ѝ е нашминкано, а другата половина потполно природно. Целта ѝ била да ја покаже трансформациската моќ на шминката и да укаже дека се шминка единствено за себе.

Но, многу од коментарите веднаш тргнале во непосакуван правец и многумина започнале да ја навредуваат, велејќи ѝ дека е грда, одвратна и страшна.

Мејси Бич Мејси Бич

За лошите коментари таа вели: „Да бидам искрена, имаше само неколку позитивни забелешки. Кога започна да се споделува и започнав да добивам негативни коментари, бев шокирана од тоа колку злобни можат да бидат луѓето само затоа што се наоѓаат зад екран.“

19-годишната девојка самоуверено тврди дека негативноста не ја засега. „Се чувствувам среќна што сум на место во животот каде коментарите на другите луѓе не допираат до мене. Ова е мое лице и ќе ставам шминка онолку колку што сакам. Мошне ме шокира тоа што многу луѓе кога коментираат на фотографија забораваат дека личноста од неа е човечко суштество со чувства. И жал ми е за секој што мора да трпи малтретирање на социјалните мрежи, а не е доволно силен психички за да ги игнорира сите гадости“ – пишува во нејзина порака.

Мејси Бич Мејси Бич Мејси Бич

Мејси даде свое мислење и за критиките насочени кон жените кои носат интензивна шминка и го трансформираат својот изглед. „Не носиме шминка за другите, туку за себе. Жените не треба да бидат критикувани или нарекувани вештачки и неприродни заради тоа што се нашминкани, како што не треба да бидат нарекувани грди ако не се нашминкани“ – вели таа.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11751 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.