Почетна » Новости » Занимливости » Тео Богоевски: Луѓе ме направивте 100% посамостоен

Тео Богоевски: Луѓе ме направивте 100% посамостоен

Тој е голем борец, неговото име е Тео Богoевски и денес ја живее својата 27 пролет. Цели 11 години е неподвижен. Од неодамна тој повторно може самостојно да функционира и да се „движи“ со помош на новата електромоторна количка која благодарение на хуманоста на овој народ е набавена преку дистрибутерот на SUNRISE MEDICAL за Македонија, фирмата за ортопедски помагала „Бауерфеинд“.

Тео

„Благодарејќи на сите прекрасни луѓе, еве го и тој ден. По неполни 2 години, седнав на неа. Не можам со зборови да Ви го опишам чувството, сè уште сум во шок. Значи, си подесувам позиција на нозе, грб, висина, се легнувам, поткачувам, не ме труцка веќе кога возам, можам да сменам положба да не се здрвувам по цел ден, качувам тротоари, спуштам стабилно, додека се возам во комбе е стабилна, менувам канали на ТВ, палам клима со џоистикот, луѓе ме напраивте 100% посамостален. Фала Ви за секоја порака, убава мисла, за секоја донација, за секоја љубов со која направивте да уживам во собирањето средства... Со цела рака Ве гушкам сите“ - напиша Тео на својот ФБ профил споделувајќи ја радоста.

Тео Тео

Само еден миг од денот може да ни го промени животот...

До својата 16-та година Тео бил подвижен без никакви проблеми, но кобниот скок во Охридското Езеро му ги одзема нозете и го прави потполно зависен од инвалидска количка и друго лице. Безмалку 2 години беа потребни да се соберат средствата за да се набави најсоодветната количка за Тео според степенот на неговиот инвалидитет, потребите и можностите.

Хуманоста повторно помогна уште еден млад живот да ги живее деновите поподносливо покрај големиот хендикеп, а производителот на количката „Sunrise medical“ од Германија, преку своите дистрибутери од Македонија, компанијата „Бауерфеинд“, му ја испорачаа истата.

Тео Тео

Браво за Тео и голема благодарност до сите знајни и незнајни луѓе кои помогнаа во собирањето на средствата.

Комерцијален текст

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10494 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.