Почетна » Новости » Занимливости » Темната страна на надградбите од природна коса: Од каде потекнуваат прамените за разубавување?

Темната страна на надградбите од природна коса: Од каде потекнуваат прамените за разубавување?

Холивудските актерки, моделите и славните музички ѕвезди со децении наназад ги менувале фризурите со помош на скапи надградби направени од природни влакна, т.е. од коса која потекнува од други личности. Во последните години драстично е зголемен бројот на жени кои ги разубавуваат своите фризури со помош на екстензии.

За жал, многу малку од нив знаат од каде потекуваат природните прамени коса користени за надградба, продавани од страна на компании кои се дел од мултимилионската индустрија на коса.

Бијонсе, Ријана и Џеј Ло

Професорката Ема Тарло патуваше низ светот, истражуваше и разговараше со многу „донатори на коса“ за да ни го даде одговорот на ова прашање во својата книга „Entanglement: The Secret Lives of Hair“.

Од избричените глави на верници во Индија

Најголем дел од прамените потекнуваат од главите на сиромашни девојчиња, девојки и жени од Индија, кои ја донираат својата коса во хиндуистички храмови. Тоа е како еден вид на аџилак. Понекогаш се случува во еден ден десетици илјади Индијки да застанат во километарски редици за да учествуваат во церемонии на бричење на главата во чест на богот Вишну.

Трговија на коса Трговија на коса

За само пет минути, берберите ги соголуваат женските глави, а избричените жени не добиваат ништо за возврат. „Го направив тоа затоа што сакав да му се заблагодарам на мојот Бог. Не ме интересира што се случува потоа со мојата коса. Ако жена со лоша коса сака да ја искористи мојата стара коса за да изгледа поубаво, тоа е многу подобро одошто таа да заврши в канта“ – смета Лаванија, девојка од Индија.

„Косата ја прави жената убава. Кога таа му ја дава на Бог, нејзината убавина, оди право кај него“ – смета друга Индијка.

Храмовите ја продаваат косата добиена од своите верници, заработувајќи милиони евра годишно. Тие тврдат дека средствата подоцна ги вложуваат за изградба на нови училишта и болници.

Косата од девојките од јужните делови на Индија најчесто е со највисок квалитет, затоа што тие не користат шампони со хемикалии, често си ја чешлаат косата и ѝ ставаат масло од кокос за да ѝ дадат свиленкаста текстура. Екстензиите добиени од овој тип коса многу убаво се осветлуваат, а токму светлите прамени се најбарани на Запад.

„Тие патуваат од далеку за да ги исполнат своите завети. Тие се возбудени што се подложуваат на тоа“ – вели професорката Тарло.

Трговија на коса

Индија е еден од најголемите извозници на коса.

Дилери кои ги таргетираат сиромашните

Друг начин за добивање на коса е преку дилери на коса, кои патуваат низ земјите од Источна Европа и Азија и убедуваат сиромашни жени и деца да си ја продадат косата за минимална цена.

Косата од Источна Европа е мека и природно руса и е позната како „Славјанка“. Во некои земји како Сибир и Украина секој месец се одржуваат саеми за стрижење на косата, а плаќањата се исклучително ниски. За коса долга повеќе од 60 см се добива сума од околу 42 евра за темнокафеава коса, а 50 евра за светлокафеава коса.

Дилерите на коса во Индија тагретираат мажи, кои треба да ги принудат своите сопруги да си ја продадат косата за смешна сума од околу 7 евра. Има пријави во кои жени биле насилно држени и бричени на главите од страна на банда. На децата, косата им е стрижена во замена за играчка.

Трговија на коса

Косата со потекло од Јужна Америка исто така е добро платена на пазарот поради дебелината на влакното.

Природната коса од Кина е најслабо платена заради тоа што е погруба и права.

Возраста исто така е важна кога жената ја продава својата коса.

Берење коса од отпад

Постојат личности кои одат од врата на врата по домовите и фризерските салони, собирајќи ги исфрлените влакна од отпадот. Се смета дека само во Азија, постојат повеќе од 500.000 илјади вакви лица, кои потоа им ги продаваат собраните влакна на компаниите кои прават кратки прамени со низок квалитет.

Добиената коса минува низ неколку процеси додека да стигне на главите на богатите клиентки во фризерските салони.

Права фаза е отплеткување, кое мора да биде извршувано рачно. Тоа е неблагодарна и ниско платена работа, која најчесто резултира со притисок во очите и грбот. Една личност дневно може да отплетка само 150 грама коса.

Трговија на коса Трговија на коса

Потоа косата е расчешлувана, т.е. многупати поминувана низ чешел со остри метални запци за да се измазни и да се добијат еднакви прамени. По овој процес следува сортирање на прамените по должина, па врзување во снопови. На крајот, косата изгледа како коњски опаш.

Трговија на коса Трговија на коса

Следната фаза е миење на косата. Поевтините прамени се потопуваат во киселина за да се отстранат бактериите, а високо квалитетните се ставаат во течност, чиј состав е добро чувана тајна. Течноста ги отстранува темните пигменти без да ги оштетува кутикулите.

Трговија на коса Трговија на коса

Доколку косата треба да биде со локни, таа се суши и се навиткува на колови, а потоа се пече во огромна печка на температура од 240 степени.

Вака подготвените екстензии завршуваат во различните фризерски салони низ светот, каде се продаваат двојно поскапо од набавната цена.

Трговија на коса Трговија на коса Трговија на коса

Видео

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10397 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.