Почетна » Новости » Шоу-бизнис » ФОТО: Наоми Кембел оќелавува поради надградбите за коса

ФОТО: Наоми Кембел оќелавува поради надградбите за коса

Наоми Кембел години наназад ја надградува својата коса со цел да ѝ даде волумен. Како резултат на долгогодишното надградување, нејзината коса започна да опаѓа и 42-годишната манекенка во неколку наврати беше забележана со „ќелави“ делови на главата.

Наоми Кембел

Нови фотографии од Наоми покажуваат дека опаѓањето на косата кај неа станува сериозен проблем и дека таа речиси и нема коса во областа над челото.

Наоми Кембел

Фотографиите биле направени на Ибица, каде што Наоми е на одмор со своето момче Владислав Доронин.

Наоми Кембел

Стилистите се уверени дека опаѓањето кај Наоми е предизвикано од надградбите. „Ако секојпат ја правеше надградбата правилно и не толку често, немаше да дојде до овој проблем. Има добри шанси дека ќе ѝ порасне пак, но ако траумата продолжи, штетата ќе биде трајна и косата нема да порасне повторно“ – изјавила Казуми Мортон, стилист на коса, за Radar Online.

Наоми Наоми фотографирана пред една недела Наоми Наоми фотографирана пред една недела

Експертите сметаат дека Наоми страда од форма на алопеција (traction alopecia), која предизвикува постепено опаѓање на косата поради користење на надградба или насилно тргање на косата.

„Во почетните фази опаѓањето е реверзибилно, но пролонгираната тензија може да ги уништи фоликулите на влакната на косата и таа нема да порасне под никакви околности. Не е јасно од фотографиите дали состојбата на Наоми е трајна, но во оглед на времето кое има поминато од првиот пат кога беше забележана со овој проблем, веројатно е дека штетата е трајна“ – изјавила Татијана Карелина ,експерт за надградба на коса, за Mail Online.

Наоми КембелНаоми фотографирана во 2010 година Наоми за „Вог“ Британија

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11344 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.