И покрај тоа што периките се најчесто неодминлив дел кога станува збор за маски за Ноќта на вештерките, талентираната мејкап артистка Сарасвати пронајде креативен начин како да се маскира без да го соблече својот хиџаб.
Малезиската уметница со своите исклучителни уметнички вештини го привлече вниманието на илјадници луѓе на социјалните мрежи. Шамиите во различни бои ги користи наместо перики, а со помош на шминката успева да се трансформира во многу јунаци на Дизни и ликови од познати филмови.