Почетна » Новости » Занимливости » „Стапи во брак со мажот кој ќе им биде најдобар татко на твоите деца“: Вирална објава на блогерка за бракот

„Стапи во брак со мажот кој ќе им биде најдобар татко на твоите деца“: Вирална објава на блогерка за бракот

Блогерка испрати моќна порака до младите луѓе за бракот и им порача на жените да не мислат само на себе кога избираат партнер, туку и да мислат и на нивните идни деца.

Амбер Кроу е мајка на две ќерки, која редовно споделува свои совети за мајчинството на социјалните мрежи. Нејзината објава за бракот стана вирален хит. Прочитајте ја:

Татко

Подоцна во бракот, кога ќе запливаш во родителството, ќе сфатиш дека она што го посакуваш кај сопругот не се парите или плочките на стомакот. Добро е да се има убаво лице и солидна банкарска сметка, но на крајот на краиштата, треба да бараш нешто повеќе.

Во 3 часот наутро кога детето ќе се разбуди со плачење, а тебе ќе ти тежат очите и телото ќе ти биде слабо поради неодамнешното породување, нема да ти биде важно како изгледа сопругот или што поседува. Ќе ти биде важно што сочувствувањето во неговото срце и љубовта во неговата душа ќе го станат од креветот и веднаш ќе го одведат кон твоето дете и тој ќе ти рече:

„Врати се на спиење, љубов. Јас ќе се погрижам за ова“.

Ако можам да им кажам на помладите луѓе што да бараат од партнерот, би им рекла да стапат во брак со мажот кој ќе им биде најдобар татко на нивните деца. Со мажот кој ќе те стави тебе и вашата мала фамилија на прво место, над сè останато. Мажот кој е исто толку одговорен колку и ти во одгледувањето на семејството, бидејќи вие сте во тоа заедно. Накратко, стапи во брак со личноста која ќе постави стандарди за сопруг за твоите деца.

Бидејќи во сето ова, кога и да го видиш твојот партнер со твоето дете, ќе се заљубуваш во него одново.

Избери мудро, не само за тебе, туку и за твоето дете.

Амбер Кроу

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 9517 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.