Почетна » Новости » Занимливости » Српска манекенка го доеше своето бебе сред емисија, поттикна жестока дебата на интернет

Српска манекенка го доеше своето бебе сред емисија, поттикна жестока дебата на интернет

Доењето во јавност е тема која секогаш поттикнува жестоки дискусии. Српската манекенка Бојана Баровиќ го доеше своето едномесечно бебенце додека гостуваше во утринска емисија за да покаже дека тоа е нормално и дека бебето треба да биде нахрането кога е гладно, без разлика на кое место и во кое време.

„Ова е првпат една јавна личност да дои во програма. Ова е историски момент и мислам дека е многу важен за поддршка“ – рече водителката Наташа.

Со овој потег Бојана привлече лавина коментари, од кои најголем дел беа позитивни, но како и секогаш, не изостанаа и критиките.

Дел од бројните комлименти упатени кон Бојана се:

„Браво! Ајде овие нешта да не бидат повеќе табу и да се подигне свеста дека ова е нормална работа.“

„Браво Бојана! Во морето 'силиконски' пејачки кои по породувањето се фалат како брзо се вратиле на работа, додека бебето го оставаат на дадилки кои ги хранат со цуцла, се прашувам кој е тука полуд: дали оние кои им го скратуваат на бебињата она што е најздраво за нив или оние кои им даваат комплименти. Ти си освежување, ти си природа, ти си паметна, ти си таа која треба да се следи, ти си таа која треба да биде пример за младите мајки, а не силиконските пејачки.“

„Ова е гордост, ова е придодно, ова треба да се поддржи. Секоја чест.“

„Среќна сум што постојат јавни личности кои го промовираат доењето во јавност и се надевам дека ќе дојде денот кога сите ќе го сметаат тоа за нешто сосем нормално, природно и социјално прифаливо. А ние мајките знаеме колку е прекрасно доењето“ –.

ВИДЕО

Не беа малку и негативните коментари:

„Доста веќе со овие мајки кралици. Зошто е сето ова? Ајде сега промовирајте го сексот за да го поттикнете растот на наталитетот, уште тоа фали. Дали е толку тешко да се стави марама, па да се дои?“

„Сè стана јавно... можат сега да покажат и како се прави бебе.“

„Тоа не се прави сред емисија, малку достоинство?“

„Го поддржувам доењето, и јас сум мајка, но сметам дека е несоодветно доењето на дете на национална телевизија и промовирање на доењето на таков начин. Доењето е интимен момент меѓу мајката и детето. Има други убави начини да се прибрижи јавноста до овој чин.“

Бојана и Никола Роквиќ имат и двегодишна ќеркичка.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.