Почетна » Новости » Занимливости » Сон за секој родител: Креветче кое брзо ги заспива бебињата

Сон за секој родител: Креветче кое брзо ги заспива бебињата

Секој родител ќе се согласи дека заспивањето на бебето е една од најтешките обврски поврзани со грижата за него. Но, исто така ќе се согласи дека бебињата најлесно и најбрзо заспиваат кога се возат во автомобил.

Автомобилската компанија „Форд“ создаде креветче кое симулира возење во автомобил за да им помогне на родителите. Креветчето има светилки кои го имитираат уличното осветлување, прави звуци како мотор од автомобил, има механизам за нишање и вибрации. Тоа дури има опција да ја следи рутата и звуците на вашиот автомобил за да ги создава движењата во кои најмногу ужива вашето малечко.

Видео

Засега постои само едно вакво креветче, но од Форд велат дека компанијата размислува да започне масовно да го произведува овој продукт.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11868 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.