Почетна » Новости » Занимливости » Слатка одмазда: Кучиња оштетија автомобил на маж кој клоцна едно од нив

Слатка одмазда: Кучиња оштетија автомобил на маж кој клоцна едно од нив

Уличните кучиња често се мета на напади на бесчувствителни лица, а понекогаш тоа е без некоја особена причина.

Маж од Кина плати висока цена за лошото однесување кон куче скитник. Имено, кога неидентификуваниот жител на Чунгќинг се враќал дома, видел улично куче како спие на неговото омилено место за паркирање. Наместо мирно да го избрка, тој постапил насилно и го клоцнал.

Кучиња Кучиња

Решителното куче не го оставило лошото дело неказнето. Тоа „повикало“ неколку свои пријатели и заедно го нападнале автомобилот, гризејќи ја каросеријата и бришачите.

Фотографиите од слатката одмазда биле направени од сосед кој следното утро му ги покажал на сопствениот на автомобилот.

Кучиња Кучиња

Уличните кучиња во Кина воопшто не се заштитени и затоа често се жртви на суровоста на луѓето, особено на лицата кои организираат крвави борби со кучиња. Кина е на списокот на држави во кои сè уште кучињата завршуваат на трпезите.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 14%
  • 24%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 27083 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.