Почетна » Новости » Занимливости » Сладок предлог за брак: Маж ѝ подари на саканата кученце за да ја изненади со предлог за брак

Сладок предлог за брак: Маж ѝ подари на саканата кученце за да ја изненади со предлог за брак

Маж од Монтана ја изненади саканата со специјален предлог за брак. Џоел Бут ја запроси Кејди Латимер со помош на кученце кое ѝ го подари, а фотографиите од романтичниот момент ќе бидат бесценет спомен за младиот пар.

Имено, 30-годишниот Џоел ѝ кажал на 28-годишната Кејди дека ќе снимаат фотосесија со локални фотографи, за таа да не се сомнева во неговите намери.

Додека позирала Кејди, Џоел се појавил со мал златен ретривер во рацете. Девојката мислела дека кученцето случајно се нашло на локацијата на која снимале, но Џоел ѝ кажал дека тоа е подарок за неа. Потоа ѝ рекол да го погледне ремчето за да дознае кое име му го дал на новото милениче.

Кога го погледнала ремчето, таа го видела судбоносното прашање: „Кејди, ќе се омажиш ли за мене?“. Среќната девојка веднаш одговорила „ДА“.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Вереничкиот прстен планирано било да го донесе поголемото куче на Џоел, но тоа накратко избегало во шумата бркајќи верверичка. И покрај смешната случка, моментот бил совршен за младиот пар и прстенот завршил на раката на шармантната Кејди.

Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак Предлог за брак

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11175 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.