Почетна » Новости » Занимливости » Сиромашни деца избираат помеѓу божиќен подарок за себе или за родителите, одлуките ќе ви го стоплат срцето

Сиромашни деца избираат помеѓу божиќен подарок за себе или за родителите, одлуките ќе ви го стоплат срцето

Одлуките на сиромашни деца, кои се ставени пред голема дилема дали да изберат божиќен подарок за себе или за своите родители, ќе ви го стоплат срцето. Можеби и ќе ви ги насолзат очите.

Во видеото „The Other Christmas Gift“, неколку момчиња и девојчиња од семејства со ниски примања кажуваат што сакаат да добијат за Божиќ и каков подарок посакуваат нивните родители. Потоа, пред нив добиваат два подарока – едниот е подарокот што тие го посакувале за себе, а другиот – подарокот што би го сакале нивните мајки или татковци.

Кога се принудени да изберат еден подарок со кој би си заминале дома, сите деца, без исклучок, го избираат подарокот за родителите.

„Лего коцките не се важни. Семејството е важно. Вие рековте Лего или семејство, а јас го избирам семејството“ – вели едно од децата. „Јас добивам подароци секоја година од моето семејство, а мајка ми не добива ништо“, „Ако јас добијам лаптоп, мајка ми ќе изгуби нешто. Таа ми помага кога сум болна, ми помага со домашните задачи“, „Таа ми го даде домот во кој живеам“, „Тие се грижат за мене и прават сè за мене, па морам да им се оддолжам“, „Сега имам можност да им дадам нешто“ – велат дечињата.

Се разбира, на крајот децата ги добиваат двата подарока, а нивните очи и очите на родителите се исполнети со солзи-радосници.

Видеото е создадено од телевизискиот канал „UP“.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 11455 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.