Почетна » Новости » Занимливости » Сираче не може да си ги задржи солзите кога ќе дознае дека ќе биде посвоено од семејство со четири деца

Сираче не може да си ги задржи солзите кога ќе дознае дека ќе биде посвоено од семејство со четири деца

Емотивниот момент кога сираче ќе дознае дека ќе биде посвоено ќе ви го згрее срцето.

Во видеото, 11-годишниот Себастијан од Колумбија не може да си ги задржи солзите кога семејството кое претходно го имаше згрижено ќе му соопшти дека сака да го посвои.

Имено, Себастијан неколку месеци живеел со Аманда и Џобен Барки и нивните четири мали деца во Калифорнија. Парот многу се поврзал со малото момче, што одлучил официјално да го направи дел од нивното семејство.

Преку видео повик, четирите дечиња го прашуваат Себастијан дали сака да им биде братче, а потоа Аманда и Џобен го прашуваат дали сака тие да му станат мајка и татко. Емотивното момче без размислување кима со главата.

Солзите на Себастијан и радоста на семејството нема да ве остават рамнодушни.

Баркли Баркли Баркли Баркли

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 10%
  • 26%
  • 64%
Се испраќа...

(Вкупно: 10288 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.