Почетна » Новости » Занимливости » „Сечете ги зрната грозје“: Мајка со рендгенска снимка ги предупредува родителите

„Сечете ги зрната грозје“: Мајка со рендгенска снимка ги предупредува родителите

Мајка сподели рендгенска снимка од зрно грозје заглавено во грлото на детенце за да ги предупреди родителите за потенцијалната опасност на ова овошје.

Анџела Хендерсон од Австралија, креаторка на блогот Finlee and Me, на својот профил на Facebook објави фотографија преземена од педијатар за да им ја зголеми свеста на родителите за можноста од задушување со грозје кај децата. Рендгенската снимка е од 5-годишно момче.

Хендерсон им советува на родителите да ги сечат на половина зрната грозје и шери доматите.

Еве ја во целост нејзината објава:

Рендгенска снимка

Родители внимание!

Знаете ли од што е оваа рендгенска снимка? Од грозје!

Зрно грозје заглавено во дишните патишта на 5-годишно дете денес.

Оваа слатка душичка мораше да биде оперирана со генерална анестезија за да ѝ биде отстрането зрното. Тој имаше среќа што дел од неговите дишни патишта остана отворен, во спротивно ќе имаше лош исход.

Ве молам, запомнете дека некои деца не ја џвакаат нивната храна кога брзаат за на училиште, за да одат во паркот итн.

Ве молам бидете внимателни. Кога се сомневате, сечете ги зрната грозје или шери доматите.

Му благодарам на педијатарот кој го сподели ова и уште повеќе сум ѝ благодарна на мајката која ми даде дозвола да го објавам ова со цел да се подигне свеста во заедницата.

Објавата привлече илјадници коментари во кои некои родители ѝ се заблагодаруваат на Анџела за советите, додека други тврдат дека децата треба да се учат да ја џвакаат храната наместо таа да им биде сечена, бидејќи на тој начин тие стануваат зависни од возрасните.

„Не, не треба да им ги сечеме зрната. Треба да ги научиме да џвакаат. Исто како што треба да ги учиме на други вештини. Како наставник, гледам дека родителите учат на сè помалку вештини и ние сега растеме деца кои не се независни и кои толку многу зависат од возрасните, што не можат да се справат со секојдневните нешта. Ве молам учете ги на вештини, во спротивно училиштата ќе треба да ги учат како да џвакаат. Детето, не бебето, со причина има заби кои треба да бидат користени“ – стои во еден од најпопуларните коментари.

Според извештај на доктори објавен на „BMJ Journals“, грозјето е на трето место по број на случаи на задушувања предизвикани од храна. На прво место се хот-дозите и бонбоните.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 13%
  • 25%
  • 62%
Се испраќа...

(Вкупно: 12028 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.