Почетна » Новости » Занимливости » Секси долна облека со вграден GPS

Секси долна облека со вграден GPS

Жена во долна облека

Новата иновативна колекција на долна облека на дизајнерката Луција Лорио предизвика колку позитивни, толку и негативни реакции.

Колекцијата наречена „Најди ме ако можеш“ вклучува секси долна облека со вграден GPS систем за следење, кој покажува во секој момент каде се наоѓа лицето кое ја носи.

Оваа иновација предизвика многу реакции од феминистките низ целиот свет, затоа што тие сметаат дека на овој начин љубоморните мажи можат постојано да ги контролираат и следат своите партнерки.

Но, дизајнерката Лорио, од бразилската компанија LindeLucy, гледа на оваа колекција со други очи.

„Оваа колекција е супер за жените и предизвик за мажите, бидејќи и покрај тоа што дамата ќе да му ја даде лозинката од својот GPS на својот партнер, таа може да го исклучи секогаш кога ќе посака. Дамите кои носат облека од оваа колекција, можат да бидат најдени само и само ако тие сакаат.“ – изјави Лорио.

Бразилската дизајнерка смета дека долната облека со GPS може да помогне и за зголемување на безбедноста на жените во поголемите градови, затоа што во секој момент може да се дознае нивната точна локација.

Поавантуристичките парови се знае на каков начин ќе ја искористат оваа иновација. Играта „Најди ме ако можеш“ може да биде многу возбудлива, но не е многу евтина. Цените на облеката од иновативната колекција се движат од 800 до 1 100 долари.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 11%
  • 25%
  • 63%
Се испраќа...

(Вкупно: 10614 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.